Македонија
27. October 2022 - 16:44

Синдикатот утре ќе одлучува дали ќе има штрајк во водовод

Продолжува сагата помеѓу синдикатот и директорот на водовод.

Првиот синдикалец Димовски денеска приложи судското решение кое вели е доказ дека директорот на водовод Маријанчо Митовски, бил осуден на казна затвор од 20 дена во 1996 година, поради физичка пресметка во кафуле каде употребил и нож. Прашува како седнал во директорската фотеља со кривично дело во своето досие и бара дирекорот веднаш да си даде неотповиклива оставка.

Директорот на водовод, во телеофнски разговор за Сител ги демаантираше сите обвинувања кон него, а тврди дека не постои таква пресуда. Вели ќе ги извади сите постапки за неосудуваност и бара од Димовски да му се извини, а доколку продолжи со обвинувањата кон него, следниот чекор е двајцата да се видат на суд.

Директорот Митовски, смета дека нападите кон него од претседателот на Синдикатот се поради тоа што сопругата на Димовски која е вработена во претпријатиено повеќе не ги ужива истите привилегии како порано.

На ова Димовски побара да се отвори дисциплинска постапка за неговата сопруга и да се докаже дали се вистините тие обвинувања.

До денеска беше рокот кој го дадоа синдикалците за разрешување на Митовски од директорската функција во водовод, поради малтретирање на вработените.Утре Сојузот на синдикати ќе заседава да се договорат за штрајк во ова претпријатие. Но и да се одлучат за штрајк, вода во Скопје ќе има, само доколку се случи некој проблем со водоводните цевки, ќе нема кој да го поправи.