Македонија
28. October 2022 - 16:30

Недоволна транспарентност во јавните набавки во струмичките општини

Водењето на јавните набавки во две од вкупно три  општински јавни претпријатија во Струмица не е доволно транспарентно, ваков е заклучокот на центарот за истражување и анализи Новус кој во изминатите пет месеци го следел процесот на водење, планирање и реализирање на јавните набавки во општината, но и трите претпријатија формирани од неа.  Предмет на анализа биле набавките  планирани и склучени во текот на 2021 година. Во истражувањето е користена меѓународна методологија со  18 индикатори кои покажале  дека јавните набавки во најголем дел се водат  рамки на националниот просек, но и над него. Најголеми отстапки се констатирани  во делот на транспарентноста но и планирањето.

Истражувањето е спроведено  во рамки на проектот Заштита од корупција кој се  реализира со финансиска  поддршка на амбасадата на Кралството Холандија, а ќе трае три години.