Драмата во Водовод продолжува, синдикатот тврди вработени се плашат од директорот да одат на работа
Вработените во водовод се плашат да одат на работа да не ги нападне директорот на претпријатието, тврдат од синдикатот на водовод. Бараат обезбедувањето да го претресува директорот Митовски кога доаѓа на работа дали со себе носи ладно оружје, по пресудата која излезе во јавноста дека пред 26 години бил осуден на казна затвор од 20 дена поради тепачка во кафуле каде употребил нож.
Доколку нешто им се случи на вработените, велат виновна ќе биде градоначалничката Арсовска бидејќи таа го поставила на директорската функција велат од ССМ.Претходно пак, директорот Митовски ги демантираше сите обвинувања дека постои пресуда против него.
Денеска попладне синдикалците ќе се сретнат да договорат дали и кога ќе започнат со штрајк во Водовод, поради незадоволството раководењето на Митовски со претпријатието. Размислуваат и да побараат од министерството за труд и социјала да назначи медијатор, а доколку не се најде решение во рок од 10 дена, ќе биде активиран генералниот штрајк.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
