Вработените на Онкологија не добивале пари за работа во недела
Вработени од Онкологија реагираат дека не добиваат дополнителни финансии за недела неработен ден. Иако согласно законот треба двојно да им биде платен трудот за тоа дежурство, велат дека до сега не виделе ниту денар. Побаравме одговори од надлежните во установата дали и зошто има такви отстапки, но не добивме информација. Пред речиси три месеци со одлука на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување освен 200 милиони денари за биолошка терапија, Онкологија добила пари и за дополнителни надоместоци.
Како и за останатите ЈЗУ така и за ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија се одобрени средства во надоместокот за 2022 година за исплата на вработените кои работат во недела, како и средства потребни за доплата до минимална плата, ни одговорија од Фондот.
Клиниката за онкологија од вчера е со нов медицински директор откако Нино Васев поднесе оставка. Според надлежните неговото заминување од директорската канцеларија не е поради контролите на Фондот чиј извештај се уште не го добиле, туку наводно причина е немањето на терапија за болните.
- Фондот за здравствено осигурување досега извршил контроли во 26 болници и клиники кои се однесуваат на исплата на надоместоците за директорите и медицински и економски. Но досега никој јавно не кажа какви неправилности биле откриени. Контроли ќе има и во останатите ЈЗУ во државата.
Аспазија Софијанова поднесе оставка а економскиот директор на детска беше разрешен поради утврдени неправилности во финансиското работење. Неофицијално, пропусти има и на други клиники.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
