Македонија
7. November 2022 - 19:52

Законот за висока раководна служба треба да ја намали корупцијата во администрацијата

Поставувањето партиски кадри на директорски места и раководни функции да остане во минатотото. Праксата кај нас е тоа што однапред се знае на која политичка партија која јавна функција или јавно претпријатије ќе и припадне, со што се намалува професионалноста, а се зголемува нивото на корупција во институциите. Од ДКСК велат се залагаат да се донесе Законот за висока раководна служба што побрзо, кој предвидува вработување на високи функции според заслуга и јавен оглас.

Но која е целта на борбата и откривањето на корупцијата, кога инситуциите немаат ресурси за казнивост и кривично гонење?

Антикорупционерите велат нашите институции имаат ограничени капацитети, обвинителствата се соочуваат на дефицит од кадар, материјални и финансиски ресурси.. Неказнивоста, е една од најголемите причини за присуството на корупцијата, а од ДКСК велат мора да се конфискува и имотот кој е стекнат нелегално.

Но како позитивна вест пак, од Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер е тоа што жалбите кои пристигнале до нив оваа година поради молк од страна на институции се драстично намалени, што значи дека се зголемила транспарентноста помеѓу граѓаните и институцииите, што значи и намалено ниво на корупција.

Европската Комисија пак според последниот извештај, оценила дека ДКСК е проактивна инцтитуција која овозможува насоки и поддршка на јавните институции за превенција од корупцијата.