Тупанчевски најавува построги критериуми за избор на шеф на Обвинителството за организиран криминал
Изборот на Абази за шеф на Обвинителството кое гони криминал и корупција е спорен за првиот човек на правда. Министерот Тупанчевски, вели дека моделот со непосредно гласање покажал слабости, па смета дека е добро да се додадат дополнителни критериуми за избор на прв човек на тоа обвинителство.
Забелешки за изборот на Абази има и антикорупциската комисија. Претседателката Ивановска, смета дека заедничките фотографии со првите луѓе на ДУИ кои излегоа во јавноста, укажувале на можност за влијание при изборот на обвинителот.. И антикорупционерите сметаат дека недостасувале критериуми при изборот, па најавиа проверка на постапката.
Иако во јавноста се појавија фотографии на кои Абази е сликан со лидерот на ДУИ, Обвинителот вчера рече дека не е сигурен дали се среќавал со Ахмети, но и да било така, тој не гледа проблем во дружењето со функционери.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
