Македонија
10. November 2022 - 16:43

Новиот Кривичен законик во финална фаза

За прв пат по речиси три децении, Македонија ќе добие нов Кривичен законик. По цели три години работа, измени како и нови кривични дела, новата верзија е пред самиот финиш. Според експертите со новиот Кривичен законик комплетно ќе се ревидира кривичното законодавство.

Во содржината ќе има нови кривични дела поврзаи со злоупотреба на службената положба, најчестото кривично дело за кое се гонат актуелни и поранешни функционери. Како посебно кривично дело ќе биде и злоупотреба на службената положба при јавни набавки и при оштетување на Буџетот на државата.

Според академикот Владо Камбовски, кој го подготвуваше и новиот Кривичен законик, како едни од клучните измени ќе биде да се надмине праксата на спогодување со пари за направени кривични дела, како и конфискација на имот и средства кои се стекнати со криминал.

Прв пат Кривичниот законик е донесен во 1996 година, а низ овие години е менуван и дополнуван околу 36 пати.