Ќе има ли нови смени на Клиниките?
Министерството за здравство и денеска не соопшти што содржат наодите од контролите што ги побара од Фондот за здравствено осигурување за менаџерските плати во болниците и клиниките. Освен зборот – неправилности што десетина пати го кажа министерот Сали, нема прецизен одговор што конкретно згрешиле двајцата медицински директори кои поднесоа оставки и економскиот на Детска кој беше разрешен.
- Дел од директори кај кои беша констатирани неправилности во работење со јавни здравствени установи беше побарано да се повлечат, вели Беким Сали министер за здравство(10.11.2022)
Иако Сител неколкупати побара од Фондот информации за вонредните извештаи не упатија во министерството кое било нарачател на истите. Но не одговорија дали редовно ги контролираат здравствените установи согласно нивните надлежности и зошто досега не биле откриени пропустите со дежурствата.
Беким Сали побарал дополнителни одговори за да утврдат уште колку менаџери ќе ги напуштат директорските канцеларии, а од министерството топката за финансиското работење на болниците и клиниките ја префрлија кај Фондот.
Фондот е надлежна институција за контрола од финансиски аспект, имајќи предвид дека согласно Законот за здравствено осигурување, здравствените установи се должни на Фондот да му доставуваат финансиски и други податоци на начин и во рокови утврдени со општ акт, велат од Министерството.
И додека здравствените власти вербално се препукуваат, долгот на јавните здравствени се уште е над 100 милиони евра.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
