Дали енергетската криза ќе ни донесе токсичен воздух
Дали Скопје го очекува најзагадена зима? Во ек на грејна сезона и енергетска криза, се бараат поевтини, но и позагадувачки алтернативи за греење. Досега пет големи компании побарале од гас да преминат на поевтина варијанта, дизел. Но сепак министерството за животна средина треба да направи проценка на нивните барања за дозволи, процедура која трае околу 3 месеци. Па ако компанијата побарала во ноември од гас да премине на дизел, дали ќе добие дозвола би дознала дури во февруари. Но министерот за животна средина апелира и до компаниите и до граѓаните да продолжат да користат гас. Уверува дека има доволно количини но и берзантската цена му е падната.
Греењето на мазут, дизел и гас треба да остане во минатото алармираат од Здружението Еко-свест. Велат постојат модерни технологии со кои и големи градови може да се загреваат со обновливи извори на енергија.
АД ЕСМ од денеска требаше да започне пробно да користи дизел за топланите Исток и Запад, но сепак се чека дозвола од ресорното министерство, а природен гас обезбедиле за двете топлани до 30 ноември.
Со цел да се зголеми свеста за аеро загадувањето, денеска, преку симболично засадување на 20 дрва, министерот за животна средина, здружението Еко-свест и шведската амбасада, ја истакнаа важноста за системско справување со загадувањето на воздухот и испратија апел до граѓаните и компаниите да се воздржуваат од дополнително загадување во ек на грејна сезона и енергетска криза.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
