Онкологија е најголем должник на ФЗОМ
Онкологија за само два месеци го зголемила долгот за повеќе од 100 милиони денари. Клиниката кон фондовската каса должи 760 милиони денари или 12 милиони евра за разлика од јули кога оваа бројка била помала.
31.07.2022 – 648.096.215 денари долг на ЈЗУ за радиотерапија и онкологија
30.09.2022 – 760, 800, 000 денари долг на ЈЗУ за радиотерапија и онкологија
На оваа установа Фондот за здравствено осигурување во август со одлука на Управен одобор и одобрил и префрлил 200 милиони денари за биолошка терапија како и дополнителни финансии за вработени кои работат во недела. Како и за што биле потрошени парите детални информации нема а вработени реагираа дека не им платиле неделно работење согласно законот.
Побаравме одговор од сегашниот медицински директор откако Нино Васев поднесе оставка – зошто долговите растат, но објаснување не добивме.
Не е во минус само онкологија – вкупните долгови на јавните здравствени установи се над 6 милијарди денари, односно на Фондот му должат над 100 милиони евра.
Засега дополнителни контроли по барање на Министерството за здравство фондот прави за платите на здравствените менаџери и како што најавија по завршување на анализите истите јавно ќе ги објават.
Дали и кои директори не го почитувале колективниот договор и плаќањата за дежурства официјално никој не кажува.
Само медиицнскиот и економскиот на детска и директорот на Онкологија засега предвреме завршија со нивните менаџерски активности.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
