Македонија
16. November 2022 - 12:22

Форумски сесии за приоритетните проекти во Југоисточниот регион на Македонија

Заштита на животната средина, економијата и инвестициите, пазарот на труд и туризмот, ова се областите за кои граѓаните од Југоистокот на државата сметаат дека треба да се инвестираат средствата од Програмата за рамномерен регионален развој во 2023 година. 

Преку форумски сесии граѓаните од различни категории од сите 10 општини ги идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми. Целта е преку активно учество да се најдат решенија и реализираат проекти кои ќе значат подобрување на животот во  целиот регион.

Врз основа на идентификуваните проблеми и предизвици од страна на граѓаните ќе се развијат концептни решенија по што ќе се презентираат пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион и пред присутните учесници на втората форумска сесија.

Форумските сесии ги имплементира Центарот за Развој на ЈИ регион, а финансиски се поддржани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.