Пет проценти од студентките на УКИМ се соочиле со сексуално вознемирување
Универзитетски професори барале сексуални услуги од студенти, ама и студенти сами се нуделе.. Ова го открива истражувањето на фондацијата „Фридрих Еберт“, направено годинава на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.. Според анкетата, пет проценти од испитанците одговориле дека лично пријавиле, или пак познаваат некој што се пожалил на сексуално вознемирување.. Секојдневие пак станало професорите на своите студенти да им се обраќаат со „злато“ или „маче“.. Иако ова им пречи, , студентите молчат за таквата појава од страв да не паднат на испит..
„Процентот на уцена, или, нудење сексуални услуги за успех или одредени привилегии, е мал во процент, но не треба всушност да постои и тој е околу 5-6 проценти. Најчесто, одговорите кога студентите зборувале за искуства со професори, е дека имале страв и се плашеле да не ги бутнат на испит, да не имаат некој проблем со професорот понатаму за дипломирање на факултетот“, изјави Горан Лефков..
Жртви на сексуално вознемирување биле и професорки.. Добивале комплименти за нивниот изглед, ама биле и сексуално напаѓани..
„Некои од постарите машки професори, (сега во пензија), за време на мојот академски развој ми упатувале непристојни комплименти. Сексуален напад имам искусено, но пружив отпор“
„Вообичаено, колегите знаат за случај на сексуално вознемирување на колешки и студентки, но меѓусебно се штитат“, одговориле анкетираните професори..
Со анкетата биле опфатени 277 студенти, од кои скоро 80 отсо од женски пол и девет професорки..
Во меѓувреме, се уште трае судењето за случајот „Еразмус“ во кој обвинети се тројца професори од Економскиот факултет кои освен пари, за пишување преодни оценки барале и сексуални услуги.. Ова и била појдовна точка за спроведување на истражувањето за сексуално вознемирување..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
