Македонија
12. December 2022 - 16:37

Ќе се озакони ли можноста невакцинираните да не можат да влезат во затворен простор?

Ако има драстична промена на ковид состојбата или повторно дојде до епидемија на морбили, надлежните ќе имаат законска можност да го ограничат движењето на невакцинираните во одредени објекти и институции. Оваа можност Владата ќе ја има со измените на законот за заразни болести кој е во собраниска процедура.

-ова не е за граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат, но ги освестуваме 0 изверстуваме дека невакинирањето по автоматизам не е право на движење било каде и било кога, вели Беким Сали министер за здравство.

 Вакцинацијата за ковид 19 не е задолжителна, но изминатите две години со кризни состојби и владини одлуки имаше ограничување на движење но и патување во странство со вакцинален статус. Ако законските измени поминат тие ќе важат и за пропуштање на вакцините од задолжителниот календар за имунизација.

-Ако има епидемија на морбили, значи невакцинирани деца нема да одат во училиште? – Ако има таква состојба тоа ќе зависи од Комисијата за заразни болести, таму има стручќни лица и ако тие проценат дека некои деца можат да бидат загрозување за себе и околината може да има таква одлука. Но да не прејудицираме бидејќи се уште не е донесено законското решение, вели Сали.

Овие законски измени ќе засегнат голема категорија на граѓани имајќи во предвид дека во нашата земја е заштитено половина од населението. За експертската јавност за тоа големо влијание имаат и дезинформациите.

-Дезинформациите предизвикуваат потрешни информации за вакцините и намалување на опфатот, вели Артур Ајвазов, заменик претставник на УНИЦЕФ.

Педијатри стравуваат од појава на морбили поради намалениот опфат со МРП а за ковид на крајот на годината 250 000 дози од Фајзер ќе завршат во Дрисла поради поминат рок.