Скромно новогодишно украсување на Струмица
Општина Струмица ќе штеди на новогодишно украсување, но празничната атмосфера сепак ќе ја има. Наместо целиот град како што беше пракса во минатото, годинава исто како и лани новогодишно ќе биде украсен само градскиот плоштад. За таа намена во општинскиот буџет е обезбедена сума од 400 илјади денари во со вклучен ддв. Градоначалникот Костадин Костадинов вели дека и покрај економската и енергетската криза граѓаните треба да имаат и некоја светла точка и место каде ќе се почувствува духот на празниците. Најавува дека во делот на осветлувањето ќе бидат запазени сите препораки за штедење на електричната енергија.
Според најавите на градоначалникот Костадинов во новогодишното украсување најверојатно ќе се вклучат и неколку приватни компании кои веќе пројавиле интерес дополнително да помогнат во збогатувањето на празничната атмосфера. За украсувањето нема да биде ангажирана посебна фирма туку тоа ќе се реализира преку општинското претпријатие Паркиралишта.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар