Тоде Јовановски живее на улица, државата не му дава помош поради наследено земјиште
Сиромашните луѓе се најбогати-секогаш тие плаќаат, ќе рече непознат автор. Па така судбината си поигрува и со 65 годишниот Тоде Јовановски од Ранковце. Во последниве 20 години засолниште преку цела година му е една трошна гаража во скопски Аеродром. Без струја, вода, топлина, но и чувство на сигурност, овој човек е приказ на една тажна судбина.
И зиме и лете, Тоде собира отпад и го препродава за да заработи за леб, а некогаш и хумани луѓе му помагаат со храна и облека.
Социјална помош не добива, бидејќи му кажале дека нема право на неа, бидејќи имал нива на негово име која ја делел со неговите браќа и сестри. Животот на улица по дефиниција е суров, а Тоде вели е благодарен е и за тоа што го има.
Според Тоде животните имаат повеќе разбирање од луѓето, па до гаражата која му е дом, чува и храни неколку кучиња, а вели и гулабите му прават друштво во денови кога никој не поминува покрај неговата гаража.
Поради семејни проблеми, Тоде останува на улица уште пред две децении, но недостасува чувството на топлина и сигурност во овие ладни пред празнични денови. Тоде по природа е весел и оптимистичен човек и смета дека на крајот се ќе биде добро, бидејќи ако не е добро, тогаш не е крај.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
