Државата го извести НАТО за хибридните напади, опозицијата бара Собраниска седница за случувањата
Земјава ја алармираше НАТО алијансата за секојдневните закани за поставени бомби.. Министерот за надворешни, вели дека вчера ги информирале структурите на НАТО, за како што вели, заеднички да видат како пристап е потребен со оглед дека и многу соседни држави се соочуваат со истиот проблем.
Од Алијансата не откриваат дали земјава побарала помош за откривање на лицата кои ги испраќаат дојавите за поставени бомби.. На прашање на Сител, од таму велат дека сите одговори треба да се бараат од властите во Северна Македонија.
Министерот за внатрешни тврди дека се преземаат сите активности за пронаоѓање на дојавувачите.. Биле блиску да откријат кој стои и зад меил пораките испратени до училиштата во Кавадарци. Спасовски смета дека за справување со ситуацијата, треба да се вклучи и Агенцијата за национална безбедност.
За Премиерот Ковачевски, дојавите се хибридна војна против земјата и директно ги поврза со руската агресија во Украина.
Опозицијата вели дека неопходно е да се разговара за безбедносната состојба во државата.. Очекуваат МВР во совбраниетода достави информација по дојавите за бомби.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
