Ќе има ли промена во позитивната листа на лекови?
Годината помина а обновувањето на позитивната листа на лекови тапка во место. Пациентите за нова и современа терапија на рецепт ќе почекаат и сеуште ќе користат апчиња кои во други земји одамна се надвор од употреба. Министерот за здравство уште во октомври во интервју за Сител најави дека ревидирањето ќе оди во фази а првата треба да биде готова веќе напролет. Но за тоа да се случи мора прво да биде финализиран правилникот според кој ќе се раководат експертите.
-Реално јас очекувам брзо тоа да биде меѓутоа сепак рзгледувањето на сите барања поднесувањето на интерес од сите компании кои се на нашпиот пазар би одзело време, ние сме во комуникација со сите добавувачи иинституциите кои се вклучени во ова, изјави Беким Сали министер за здравство.
Дека процесот нема да оди според планираното покажува и одговорот од надлежните дека правилникот за чија цел беше формирана и Комисија на која и беа потребни околу 6 месеци за негова подготовка, се уште не е стапен на сила.
Новиот предлог правилник за проширување на позитивната листа беше предмет на јавна дебата од стручната јавност, што заврши претходната недела, по што следи период на инкорпорирање на предложените сугестии и стручните мислења и се очекува во најкраток рок, најверојатно до крај годинавa да се финализира правилникот, ни одговорија од МЗ.
Повеќе од 30 здруженија на пациенти во септември доставија итно барање до Министерството за воведување на нови лекови бидејќи многу болни се принудени терапијата да ја бараат во странство.
Позитивната листа не е ревидирана 15 години за разлика од други држави каде тоа е редовна годишна процедура.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
