Техничка грешка го остави столчето на Мијалков празно на судењето „Титаник 2“
Столчето во судницата каде на Мијалков му се суди за противзаконито влијание во предметот, „Титаник 2“, денеска остана празно.. Струшкиот затвор и Кривичниот суд си ја префрлаат вината за пропустот поради кој екс началникот на УБК не беше донесен на судењето. Двете институции спорат околу датумот за одржување на рочиштето.
Затворот во Струга добил наредба за спровод на 14ти месецов, ама за рочиште кое се одржало два дена претходно.. Идентична наредба за спровод на Мијалков на 12ти декември, затворот добил и во ноември и таа била реализирана.
Првиот човек на Струшкиот затвор, Ваљон Ќуља до медиумите ги испрати и двете наредби, добиени во различни месеци ама со ист термин за судење, па вели: „Станува збор за техничка грешка на Кривичниот суд“.
На ваквото тврдење со фотографии се спротивстави и кривичен.. Судијата Огнен Ставрев ја покажа доставницата на која како што рече, јасно се гледа датумот на кој Мијалков треба да е донесен од струшкиот затвор.. Вели и на судењето одржано на 12ти декември, странките, вклучително и обвинетиот Мијалков бил информиран дека следното рочиште ќе се одржи денеска.. За објаснувањето на затворот велат нејасно е како би го донеле обвинетиот во понеделник, ако наредбата ја добиле во среда.
Кој е во право, ќе истражува Управата за извршување на санкции.. Најавува и казни за сите кои направиле пропусти..
„Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности кои се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор во установата за утврдување на фактичката состојба..Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни“.
Титаник 2 се суди по вторпат, откако Апелациониот суд ја укина претходната пресуда со која Мијалков, лидерот на ДПА Тачи, пратеникот Ибраими и тројца членови на Државната изборна комисија беа осудени на затворски казни од три до четири и пол години.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
