Хајрулахи останува шеф на Вишото јавно обвинителство
Во мај го укорија дека има недостатоци во работењето, а денеска го избраа за прв човек на Вишото обвинителство во Скопје.
Членовите на Советот на јавни обвинители, едногласни – Мустафа Хајрулахи и во следните четири години ќе управува со обвинтелството. На седницата за негов избор имаа само пофални зборови, а ги обвинија медиумите за водење хајка против обвинителот откако од трката се откажаа Фетаи и Рустеми.
„Желбата да се стави сензација на двајцата кандидати што се откажаа, роди потреба да се оцрни кандидатот“, рече на седницата членот на советот, Коле Штерјев.
На советот не му пречеше што Хајрулахи немаше конкуренција, но изборот со еден кандидат за обвинителството во Кавадарци, го оцени како, „како трка со еден коњ“.
„Нас ни требаат тие трајни решенија кога ќе имаме можност, прво да бираме, затоа што бирањето подразбира, кога ќе речат – избор, да имаме избор. Ако е само еден кандидат, се сведуваме на тоа, или ќе го избереме или уште еднаш, пет-шест месеци ќе го оставиме обвинителството без прв човек“, изјави Антонио Јолевски, Претседател на Совет на јавни обвинители.
И Вишото во Гостивар доби наследник откако Ислам Абази беше избран да управува со обвинителството кое гони организиран криминал и корупција..
На негово место ќе седне Фаик Арслани кој за да влезе во изборот, се откажа од функцијата член на Советот на јавни обвинители.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
