Македонија
27. December 2022 - 16:47

Скопје од денеска без посебни мерки, министерот не им верува на мерните станици

По неколку дневната алармантна состојба и посебни препораки за заштита, загадениот воздух во Скопје е под дефинираниот праг на алармирање. Од Министерството за животна средина најавија дека мерките повеќе не важат за главниот град. Но опасните ПМ честички и понатаму ги трујат граѓаните а дополнителен проблем е и маглата. Болниците се полни и најмногу на удар се пациентите со пулмолошки и кардиолошки заболувања. Кога состојбата станува критична министерот Нуредини вели дека општините се надлежни за конкретни чекори.

-Не би сакал да дебатирам дали сме најзагаден град или не, тие се приватна фирма и користат некои податоци..Но факт е дека имаме загаденост..Ние може само да им кажеме кога надминувањето е над дозволеното, но општините треба да преземат мерки, за транспорт и друго, вели Насер Нуредини, министер за животна средина.

Со законот кој е во владина процеудра, Нуредини вели дека индустриските капацитети ќе бидат задолжени да имаат мерни станици. Но додека тоа дојде на дневен ред,  министерот за животна средина знае кој најмногу го загадува воздухот – меѓу нив и стариот возен парк.

-Затоплувањето на домовите..ние мора да знаеме со што се затоплуваме, тоа да биде по стандарди а не да содржи канцерогени состојки, вели Нуредини.  

Проблемот со загадувањето на воздухот е историски и со децении наназад инвестициите во животната средина биле ниски. За заштита на околината треба многу пари порача министерот Нуредини.