Македонија
27. December 2022 - 16:50

Тетовчани на протест бараат судот да го ослободи обвинетиот лекар за пожарот во модуларната болница

Нема лекарска грешка за пожарот во модуларна болница.. Жителите на Тетово со протест пред почеток на денешното судење, порачаа дека вината за несреќата, треба да се бара кај тие што го граделе објектот.. Велат, протестираат за поддршка на обвинетиот Бобан Вучевски – доктор кој 24 часа се грижел за нивното здравје.

Жителите на Тетово сметаат дека доктор не може да одговара за пожар, бидејќи како што велат, објектот имал технички недостатоци.

За трагедијата која одзеде 14 животи, на обвинителна клупа седат и двајцата директори на болницата, кои заедно со Вучевски одговараат за предизвикување општа опасност  и непочитување прописи во епидемија.

Три месеци беа потребни да започне судењето за пожарот од ланскиот септември.. Обвинетите имале обврски, не знаеле дека треба да ангажираат адвокати, а и тие имале закажани судења.. На почетокот од месецов сите заедно седнаа во тетовскиот суд – обвинетите отфрлија вина и најавиа дека по судски пат ќе докажат дека не се виновни за пожарот.