Се чека извештајот на Судски совет за судиите од Апелација кои го вратија Таргет-Тврдина
Извештајот за апелационите судии кои ја укинаа пресудата за Мијалков е скоро готов. Зошто една година им била потребна да донесат одлука и дали ќе следуваат санкции, ќе се знае по разгледување на документот.
Дамева признава дека Советот попуштил со контролата врз Апелациониот суд, ама се правда и дека не можат да го знаат текот на сите предмети.
Судски денеска едногласно одлучи Иван Џолев да добие уште еден претседателски мандат во Кривичен. Немаше противкандидати, добро менаџирал, ама според Дамева, изборот ќе бил полесен ако се пријавеле и други кандидати.
Еден кандидат имаше и за тетовскиот суд, но изборот се одложи оти недостасувале информации за пријавениот. Дел од членовите повикаа јавноста да ја цени постапката.
Избор со еден кандидат, Советот правеше и за судот во Ресен.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
