Трагедија во Штип, враќајки се во рикверц ги прегазил другарите, еден загина, еден е тешко повреден
Трагично заврши новогодишната ноќ за 21 годишно момче од скопско Кадино.. Рано утринава бил прегазен од својот другар на патот Штип – Кочани.. Несреќата се случила 20тина минути после пет часот, а во неа со повреди се здобило уште едно лице од скопското село Трубарево.
Неофицијално, од игра настанала голема трагедија.. Тројцата другари заедно патувале со автомобил опел астра со скопски регистрации, застанале кај местото Брилијант, откако 21 годишникот и неговиот другар побарале да одат во тоалет. Момчето кое седело зад воланот, со возилото тргнало напред наводно да ги остави на патот, но по кратко почнал да се враќа во рикцерц и ги прегазил своите другари.. Со тешки повреди двајцата биле пренесени во штипската болница, но нешто по 7 часот уринава, момчето од Кадино им подлегнало на повредите.
Ова е една од 15тина сообраќајки кои се случиле низ државата во текот на новогодишната ноќ.. Од МВР оценуваат дека била помирна од претходната година и со значителен пад на регистрирани настани..
„Имаме регистрирано прекршоци од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, 8 вкупно. Има вкупно 16 сообраќајни незгоди и дополнителни останати пет настани. Ако споредиме со минатата година, имаме намалување за 30 проценти вкупно пријавени настани“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.
Дел од повредените во сообраќајки завршиле во скопскиот урегентен центар. Работа имало и за лекарите во стара градска, но, за среќа, сите имале лесни повреди.
Во текот на ноќта пак полни раце работа имале лекарите од скопската итна помош.. Добиле 100тина повици, интервенирале кај пијани, повредени во тепачки и сообраќајки.. Родители пак прашувале како да им помогнат на своите деца кои претерале со алкохолот..Дел морале на токсикологија.
Инаку изминатата ноќ биле пријавени и кражби, пронајдена е дрога, а имало и тепачки. Најмногу интервенции имале полициските станици во Скопје и Охрид, а во СВР Велес немало никакви пријави.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
