Македонија
4. January 2023 - 16:39

Молк во здравство за отштетата тешка 20 милиони евра за несудениот Клинички

Министерот за здравство и денеска молчи по информациите дека треба да платиме трипати повеќе, односно 19, 5 милиони евра за неизградбата на клиничкиот центар. Координирано, од секторот со кој раководи заеднички со Владата ни доставија соопштение без одговори на поставените прашања.

- Владата нема добиено решение за покренување спор. Независно од тоа, Министерството за здравство до компанијата има испратено барање за средба, на што засега, нема повратен одговор.

Италијанската компанија преку адвокатски тим бара плаќање на пенали, но Беким Сали не кажува кој ќе ја плати оштетата и дали на оваа проблематика која е од меѓународни размери работи правен тим во Министерството кој уште во октомври го најави премиерот Ковачевски.

Додека надлежните молчат, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со критика дека  наместо изградба на нов клинички која требаше да стартува во 2017 година, граѓаните ќе плаќаат отштета.

„Неспосбноста на надлежните, како Министерството за здравство граѓаните ќе ја платат од свој џеб, а станува збор за отштета од речиси 20 милиони евра, заради раскинат договор за Клинички центар

Додека секоја држава има јавно здравство и тоа е основа на здравствениот систем, во Македонија се уништува јавното здравство на сметка на приватното“, велат од партијата.

Сегашните речиси 20 милиони евра што ги бараат италијанците, е една третина од сумата колку што ќе чинеше клиничкиот центар ако беше изграден на локацијата за која договорот го потпиша тогашниот технички министер Никола Тодоров. Филипче една година подоцна го раскина со ветување дека граѓаните ќе добијат грандиозен објект со грандиозна цена од 500 милиони евра.

Од ветувањата граѓаните не добија ништо а нема никакви најави дека во блиска иднина некој ќе удри темели за клинички центар.