ОЈО покрена обвинение за „Жан Митрев“ за измама при лекување со хемофилтрација
Жан Митрев и неговата клиника се обвинети за измама. Хемофилтрацијата ја промовиралe како ефикасен третман за лекување Ковид, иако методот не бил одобрен во земјава. Според обвинителството, со цел болницата да оствари приход, докторот ги доведувал во заблуда пацинетите и нивните семејства дека единствен лек е прочистување на крвта. На тој начин, обвинителството тврди дека клиниката заработила над еден и пол милион евра.
„Обвинетиот, на пацинетите и во јавноста прикажувал дека методот на хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување Ковид-19. На овој начин, обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па при прием на пациент, оштетените однапред уплаќале средства за две хемофилтрации, без да им биде објаснет методот и потенцијалните ризици“, се вели во обвинението на Основното Јавно обвинителство – Скопје.
За Клиниката, обвинението е неосновано..„Се гледаме на суд“, порачаа од Жан Митрев. Негираат дека мамеле пациенти, велат, во ковид кризата, се работело според највисоки здравствени стандарди и дозволени методи на лекување, во земјава и странство.
„Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а тоа ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспратенти и во интерес на пациентите. Наша цел и функција, отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите“, се вели во соопштението од Клиниката „Жан Митрев“.
Обвинителството открило голем број пациенти лекувани со хемофитлрација, а 283 сведочеле дека се измамени. Меѓу оштетените има и странски државјани. Дел пак изјавиле дека не се чувствуваат измено.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
