Професор Мираковски: Греењето на домовите го загадува воздухот во Скопје
Согорувањето на биомаса е главниот извор на загадување на амбиенталниот воздух во Скопје и тоа во најголема мера придонесува за надминување на дозволените гранични лимити на суспендираните цврсти честички. Загадувањето е екстремно сезонски и различно за одреден дел од годината.
- Во текот на зимата биомасата или емисиите од биомаса, можат да учествуваат и до 60% во вкупната маса на суспендирани честички, потоа доаѓаат изворите како што се согорување на мазут и нафта, кои исто така имаат сериозен удел, па дури потоа доѓаат другите извори. Обратно, во текот на летните месеци најголем извор на загдување се или огновите на отворено или минералната прашина која настанува како резултат на ресуспензија на прашината од улиците, од градежните активности од сувите површини кои не се покриени со вегетација- изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД Штип и раководител на лабораторијата „Амбикон“.
Последната студија за откривање на изворите на загадувањето во Скопје е изработена врз основа на едногодишно континуирано истражување на 5 локации, со софистицирана лабораториска опрема на штипскиот универзитет, која прецизно ги анализира и утврди поединечните видови загадувања.
- Користи исклучиво стандардни постапки за земање на примерокот, негова анализа и постапување во сите фази за обработка на податоците. Ние како лабораторија сме акредитирани согласно ИСО 17025 за тестирање на примероци од животната средина и тие постапки се под постојана контрола. Сите чекори на работа се под контрола, така што се овозможува максимална следливост и на резултатите и на постапката за земање- додаде Мираковски
Студијата е дел од поголем проект, кој предвидува зголемена енергетска ефикасност, преку замена на старите уреди за греење кои користат дрво, јаглен или нафта, со топлотни пумпи или инвертори и печки на пелети. Проблемот со аерозагадувањето не е ексклузивен само за главниот град, туку постои во речиси сите урбани средини.
- Во моментот се планира студија која треба да опфати други градови од внатрешноста, Куманово, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Струга. Се надевам дека тоа ќе почне наскоро и во следниот период ќе имаме некакви резултати и од тие зони- изјави Мираковски
Различни урбани средини имаат специфичен проблем и не може да се најде решение, ако не се знае какво е и од каде доаѓа загадувањето.
Кој е начинот за надминување на загадувањето и дали се преземени конкретни мерки?
Што со загадувањето од автомобилите, како да се реши овој проблем?
Проблемот со загадувањето не е ексклузивен само за Скопје, каква е состојбата во другите градови?
Кои чекори треба да се преземат во иднина?
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар