Во источниот регион има само еден старски дом за само 39 лица
Во источниот регион постои само еден дом за стари лица, со вкупен капацитет од 39 места лоциран во Берово. За популација кој од година во година старее, а нема кој да се грижи за старите лица, ова прашање е „жежок костен“ и за локалната и за централната власт. Во план е проширување на домот за дополнителни 28 легла, инвестиција од 35 милиони денари, но тоа ни од далеку нема да ја задоволи побарувачката.
- Заинтересираноста е многу голема и листата секојдневно се зголемува, така што веќе имаме повеќе од 130 баратели за користење на нашата услуга. Тешко се намалува бројот на корисници и тешко се доаѓа до сместување, изјави Живка Бојчевска, директорка на Дом за стари лиза - Берово.
Дури 2/3 од станарите во домот се родители на иселеници од родното огниште. Со овој проблем се соочуваат сите општини од регионот.
- Ќерката е во Скопје, а синот во Германија. Сами сме, ама додека сме со бабата двајцата, добро е, кога ќе остане еден, ќе му ја мислиме.
- Им реков, вие ако сакате да одите, одете. А вие? Ние ќе одиме во старечки дом, друг излез нема, анкета штипјани.
Но, нема ниту сместувачки капацитет. Штипските пензионери останаа без 500 000 евра и без дом за стари лица. Овие средства Здружението на пензионери ги инвестираше во изградба на објектот, кој започна да се гради во 2013-та година, а во 2015-та беше стопиран од страна ЈО зашто бил дивоградба.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар