Горди што спасија човечки животи под урнатините, струмичките пожарникари се вратија дома
Специјалниот тим пожарникари од Струмица се врати од спасувачката мисија во погоденото подрачје од катастрофалниот земјотрес во Турција. Тие беа распоредени во градот Адијамен, а работеа заедно со над 70 тимови од целиот свет. Водачот на тимот Вернер Стоилов вели дека се враќаат со помешани чувства, тажни од глетката и пустошот што го оставил земјотресот позади себе, но од друга страна и горди што успеале да помогнат во извлекување на живи луѓе.
Пожарникарите во Струмица пристигнаа синоќа после полноќ, а ги пречека градоначалникот Костадин Костадинов. Порача дека е горд на нивната храброст и пожртвуваност, а во знак на благодарност од името на сите граѓани им додели и признанија.
Струмичките пожарникари беа дел од првиот тим на републичките сили за урбано спасување и пребарување кои веднаш по земјотресот заминаа во Турција.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар