Како Даравелски успеа да остане на слобода?
Неочeкувана е одлуката на Кривичен да му се суди од почеток Даравелски. Универзитетскиот професор по кривично право, Гордан Калјџиев, смета дека невозможно било поранешниот прв цариник цели две децении да не знаел дека е осуден па сега судот да дозволи повторено судење.
„Новото судење има смисла само ако тој во некој разумен рок откако дознал дека е осуден, се пријави и се согласи на ново судење. После 20 години да се јави некој и да тврди дека скоро дознал, а живеел во Белград е повеќе од смешно, со оглед на тоа што за него се водени екстрадициски постапки, а беше и во екстрадициски притвор, така што одлуката на судот е неочекувана, бидејќи е на некој начин изигрување на законот“, изјави Гордан Калајџиев, Универзитетски професор.
Кривичниот суд денеска објави дека Даравелски ќе добие ново судење. Одлуката ја објаснува цитирајќи го кривичниот законик.
Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство.
Даравелски, 20 години ги помина во бегство надвор од Македонија.. Во овој периот настапи и апсолутна застареност на кривичното дело за кое беше осуден, па во пракса, повтореното судење ќе значи и ослободување од вина.
„Не знам како они тоа би го изведувале во пракса. Не би имало услови, ако е истечен рокот од апсолутна застареност, ако е тоа точно, тогаш нема ни да има постапка, бидејќи има процесна пречка за застареност на делото, значи не може да се поведе постапка“, изјави Калајџиев.
Минатиот месец Даравелски беше уапсен на „Табановце“ и до денеска е во затворот Идризово. Со одклуката да му се суди повторно, тој требаше да го напушти затворот, но ослободувањето заглави на релацијата кривичен-кумановски суд кој во оригинал ја чека одлуката па дури потоа ќе дозволи Даравелски да го напушти затворот.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
