Оставката на Тупанчевски виновна за пропадната обврзница, опозицијата обвинува дека ова скапо ќе ја чини државата
Тупанчевски не стави потпис на еврообврзницата, затоа што стигнала 2 дена откако му беше констатирана оставката. Со документи министерот за правда објасни зошто пропадна еврообврзницата вредна 600 милиони евра. Барањето за потпис од Министерството за финансии стигна на 15 ти, а мојата оставка Собарнието ја прифати на 13 ти., вели во писмен допис Тупанчевски. Технички пропус, а не дека некој се лути затоа што е сменет смета премиерот. Ќе се издаде нова, кога ќе се избере нова влада
Тоа е процедурално прашање, тој е во оставка и не е до тоа дали некој сакал или не сакал да потпише. На тој ден не ја потпишал, затоа што бил во оставка, рече Димитар Ковачевски , премиер
Со откажување на еврообврзницата владата праќа лош сигнал до инвестоторите. Тоа ќе ја чини и пари и повиска камата и влошен кредитен рејтинг, смета опозицијата
Сепак, експертите сметаат дека не е се толку црно. Имиџот ќе се влоши, задолжувањео ќе биде поскапо, но не драматично
Законски министерот за правда и неговиот заменик треба во рок од 5 дена да ја потпишат еврообврзницата . Но бидејќи и двајцата се во оставка, настанала грешка. Не станува збор дека некој не сакал, туку дека немал овластувања. Сега ќе се издаде нова еврообврзница, по малку повиока камата. Не драстично, како што се коментира, туку благо, за нула кома нешто , изјави Бранимир Јовановиќ, универзитетски професор
Државата издаде еврообвзница на 8 февруари и за истата да се реализира потребни се 5 работни дена. Купонската камата достигна 6,25 процентни поени, која министерот Бесими ја оцени како поволна, затоа што пазарните камати се движеле до 8 отсто.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
