Судскиот совет номинираше кандидатка за уставна судијка, но не едногласно
На принципот, прв дојден прв услужен, Судскиот совет предложи кандидат за уставен судија. Во трка беа тројца судии, но се гласаше само за Елизабета Дуковска како првопредложена, а бидејќи го доби неопходниот минимум од 8 гласови „За“, немаше гласање за останатите двајца кандидати.
Против кандидати на Дуковска беа Апелациониот судија, Татијана Суслеска и Антоанета Димовска од граѓанскиот суд. Според првиот човек на Судски, не е добро судија од основен да се сели во Уставен, па дел од членовите потсетија дека сегашниот претседател доаѓа токму од основен суд.
Судски денеска бираше и генерален секретар. Поддршка доби Весна Толева, чиј сопруг е возач на претседателката на советот. Во интерна анкета меѓу вработените таа добила и помалку гласови од противкандидатот, Јулијана Ѓорѓиевска, но според Дамева, разликата од четири гласа била мала, па двете кандидатки имале иста стартна позиција.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
