Македонија
24. February 2023 - 21:16

Пратениците заминаа на викенд – расправата за реконструкција на Владата

Личните навреди, дебати без конкретни предлози и решенија за проблемите на граѓаните кои се слушаат преку собраниската говорница во текот на разрешувањето и именувањето на новите владини министри, за политичките аналитиачир не се никакво изненадување. Сметаат дека политичкиот дијалог го допрел дното, ас отсуствува и меѓусебната почит. Со таквите говори, невозможно е граѓаните да препознаат кои партии нудат решенија за секојдневните животни проблеми.

Според Селими, иако бројот на пратеници кои ја поддржуваат владата останува речиси ист по влезот на Алијанса за албанците, новото мнозинство треба да значи стабилност. Во изминатиот период, воочливо било дека власта тешко обезбедува 61 пратеник, а проблемот го продлабочила и таканаречената „Огнена група“ од ДУИ.

Власта подолго време не кажуваше колку пратеници брои мнозинството во собранието. По вчерашното гласање за разрешување на министрите од Алтернатива, јавноста дозна дека со влезот на Алијанса, сега владата на Ковачевски има поддршка од 65 пратеници, или еден повеќе од досега.