Тапка во место судењето за Беса Транс
Тапка во место судењето за сопственикот на „Беса Транс“ чиј автобус изгоре во Бугарија.. Од декември лани се чека да сведочи претставник на Царинската управа.. Го бара обвинителството, но обврска да го обезбеди има судот.. Трипати се испраќале покани, ама досега Царината не одредила кој ќе ја претставува, па и судењата се одложуваат.. Денеска од судот објаснија дека нема начин да се обезбеди преставник на Царина – поканата била до правно лице, па не може да се побара стражарно приведување..
Од обвинителството велат имале врзани раце.. Судот бил надлежен да ги извести и обезбеди присуство на сведоците кои се бараат во процесот..
Од Царинската управа не одговорија на прашањата на Сител дали ги добиваат поканите од судот и зошто не одредуваат лице кое ќе одговара на прашања од обвинителството..
Беким Хаџиу и неговата агенција се обвинети дека автобусот во кој загинаа 40тина лица користел фалсификувана лиценца за превоз на патници.. Дури 20 пати ја напуштил државата граница, а и на неговото последно патување во ноември лани не ја поседувал дозволата.. Кој замижувал кога автобусот без соодветни документи ја минувал границата треба да одговори Царината на 31ви месецов за кога е закажан четвртиот обид за присуство на преставник од Царинската управа..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
