Кој ќе врши надзор врз изградбата на коридорите 8 и 10-Д?
Има ли корупција во тендерската постапка за избор на фирми што ќе вршат надзор на Бехтел и Енка? Антикорупциска собира документи , откако вчера агенцијата Призма објави дека во една од фирмите што ќе го врши надзорот е и компанија на човек избеган од Ерменија, каде се гони за корупција.
Коридорите 8 и 10 ги гради американско турски конзорциум Бехтел и Енка. Надзор ќе прави конзорциумот ИРД инженеринг, здружен со шпанска Ептиса, скопска Електра Солушнс и Евро консалтинг, каде удел има и македонскиот државјанин Бранислав Димитријевиќ – човекот кој е под истрага во Ерменија за спроведување на проектот Коридор Север – југ , во периодот 2009 доо 2018 та година.
Димитријевиќ е еден од сопствениците на Евро консалтинг, а во Ерменија бил тим лидер на Ептиса. Договорот за избор на конзорциумот Владата го потпиша на 2 февруари. Првиот чевек на Државни патишта – вели се е чисто. Кој сака нека дојде да ги разгледа документите. Комисјата ги избра најповолните понуди, вреднуваме фирми, а не лица
И премерот Ковачевски вели – ако некој се сомнева – нека поднесе пријава до Обвинителството
Владата не врши евалуација ниту прибирање на документи по однос на компании, тоа го прави стручна комисија. Компанијата ИРД ќе работи заедно со американски ’Бехтел‘, а доколку има лица или подизведувачи за кои постои сомнение за нивниот интегритет од страна на кого било во државата, тогаш тоа може да го пријави во Јавното обвинителство. Меѓутоа, обврска на компанијата што го има добиено тендерот за извршување на надзорот на сите делници, без разлика кој е во нивниот конзорциум, таа има обврска тоа да го направи навремено и во квалитет кој е според договорот, а нормално заеднички во соработа со американски ’Бехтел‘“,
Лидерот на оозицијата Мицкоски , обвини дека владата ги сменила тенерските правила една недела пред изборот, само за да биде избрана оваа фирма
Ианку за скандалот во Ерменија се дозна во септември 2021 та година,кога македонскиот дипломат Миле Миленковски беше упасен на границата меѓу Србија и Македонија по распишаната меѓународната потерница од Ерменија. Откако помина 5 месеци во протвор, српските власти го ослободија и ги отрфлија наводите на ерменската полиција. Се сомневаше дека тој заедно со уште неколку македонски државјани му помоганле на Димитриевиќ да избега од Ерменија со туѓ пасош. Димитријевиќ, кој имаше забрана за излез од Ерменија се гони за тежок криминал , однсно измама од голем обем
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
