Македонија
8. March 2023 - 16:32

Децениските проблеми во здравството главен приоритет и за новиот министер

Заглавени возила на Брза помош со итни пациенти, свирежи и долги колони возила. Ваква е секојдневната слика во утринските часови во Клиничкиот Центар.

Сообраќајниот хаос ќе се обиде да го реши и Фатмир Меџити. Ова е еден од приоритетите на новиот министер за здравство, но на денешниот брифинг конкретно не кажа како планира да се справи со секојдневната гужва од автомобили во најголемиот здравствен комплекс во државата.

-Се консултираме со сите чинители, со сите страни и мислиме во најбрз можен рок тоа да го решиме, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

За барањето на Синдикатите за повисоки плати за сите здравствени работници Меџити беше категоричен дека решение мора да има. По вчерашната средба во министерството тие најавија дека очекуваат решение за нивниот проблем за една недела, во спротивно повторно ќе протестираат.

- Не не може, решение мора да има, имаме подршка од Премиерот директно, за да почнат работите да одат во здравството напред, мора да функционира здравството, рече Меџити.

Новиот министер на првиот брифинг со новинарите рече дека ќе се заложи граѓаните што поскоро да добијат нови и квалитетни лекови на позитивната листа и итно наоѓање решение за Ургентен интернистички Центар во Клинички бидејќи од летото на Токсикологија се третираат само труења, а пациентите се шетаат од Клиника до Клиника.

Меџити најави и смена на директори на неколку здравствени установи согласно коалициониот договор, меѓу кои и на неговата матична Клиниката за неврологија