Новите обвинители ќе можат да бараат работа
Новата генерација обвинители меѓу кои синот на Талат Џафери и сопругата на Абази ја добиваат првата шанса за вработување.
Советот на јавни обвинители го објави огласот на кој треба да конкурираат 28мината кои ја завршија академијата.. За дел од нив јавноста се посомнева дека завршиле само заради тоа што се роднини на актуелни функционери, па за да се спречат влијанија, антикорупциска препорача да работат подалеку од родните места.. Од советот пак побараа да не се префрла топката кај нив – каде и да ја почнат кариерата, очекуваат законито работење на новите обвинители.
„Ние прво треба да видиме кој-каде ќе се јави. Не знаеме кој-каде ќе биде јавен од кандидатите. Предвремено е да се каже дали тие ќе бидат ваму или онаму, не знаеме каде ќе се јават. Би требало и антикорупциска да биде по фер, ако сметала дека нешто имало таму сомничаво, требало да си водат постапка, не да ја префрлаат топката на други, односно да препорачуваат. Ние ќе видиме, внимаваме точно да не бидат изложени обвинителите на било каков притисок. Тие треба да си работат законито. Каде и да одат, тие треба да бидат обвинители во права смисла“, изјави Антонио Јолевски, Претседател на Совет на јавни обвинители.
Веќе тече рокот во кој новите обвинители треба да изберат во кое од 17те обвинителства ќе го побараат првото вработување.. За Тетово се бараат шестмина, по тројца во Гостивар и Кичево, а обвинители очекуваат и Дебар, Делчево, Свети Николе.
Изборот, неофицијално се очекува на почеток од идниот месец. Со огласот се бараат и четворица обвинители за гонење на организиран криминал и корупција.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
