Македонија
4. April 2023 - 12:28

Кривичен и одговори на апелација - Зошто не донесовте конечна пресуда?

Кривичниот суд со остри критики до Апелација откако ја укина пресудата за т.н организатори на „27 април“.. За првостепениот суд, нејасно е зошто на апелационите судии им била потребна една година да решат дека во пресудата недоволно е објаснето зошто  не се прифатени приговорите по Законот за амнестија..

„Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари“, велат од Кривичен..

Судот забележува и дека повисокиот суд не може да се пофали со транспарентност во постапување по високо-профилни предмети.. Наместо да ги враќаат предметите и повеќе од една година да не постапуваат, имаат обрска да мериторно да одлучуваат со што ќе придонесат за неселективна борба со криминалот и ефикасна правда, пишуваат од Кривичен..

Судот упати укор и за Министерот за правда кој вината за укината пресуда ја лоцираше во Кривичен..

Во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука.

Пресудата за 27 парил, Апелација ја укина со образложение дека кривичниот суд сторил суштествени повреди, не биле утврдени спорните околности и факти со кривичното дело терористично загрозување.. Во овој случај на затворски казни од по шест години беа осудени поранешниот собраниски претседател, двајца министри и екс директорот на УБК.