Македонија
4. April 2023 - 16:32

Русковска обвини: За затворање на случајот Рашковски ми се нудеше повисока позиција

Русковска заменик на државниот обвинител, а за нејзниот внук, унапредување во виш обвинител.Понудата за поранешната шефица на „организиран“ да се повлече од  случајот Рашковски, ја отвори дилемата - кој има интерес да го штити поранешниот генерален секретар на владата?

Обвинителка не откри кој барал спас за Рашковски. Вели, не сакам да одам на суд за клевета и навреда.

Обвинителот Јовески кој е на чело на државното јавно обвинителство ги отфрла изјавите за наводни притисоци во предметот против Рашковски.

„Ќе истакнам неколку факти кои ги демантираат изнесените тези. Што се однесува до тврдењата за наводни притисоци во предметот против Рашковски, јавноста може да се увери дека и по суспензијата на Русковска постапката во овој предмет непречено се води пред Судот. Станува збор за предмет во кој секако постапува друг јавен обвинител“, пишува за Сител, Љубомир Јовески, Републички јавен обвинител.

За Рашковски, изјавата на обвинителката е манипулација. Не кажала кој, кога и каде ја дал понудата, па кажаното го смета за шпекалуција.. Прашува, дали е гонет за таа да напредува во кариерата.

„Кажете и искрено на македонската јавност – дали случајот “софтвери” против Драги Рашковски го отворивте за да може со него да уценувате да ве изберат во републичкото јавно обвинителство, а внукот во вишото јавно обвинителство, а не обратно како што тврдите во вашето интервју?“

Во меѓувреме, Русковска очекува разрешување заради претресот во финансова.