Сведокот од Царина тврди дека „Беса Транс“ ги имале сите документи, но не знае дали биле фалсификувани
Со исказ на претставник на Царината денеска продоли судењето за сопственикот на Беса Транс чиј автобус изгоре во Бугарија. Возилото при премин на границата ги имало сите потребни документи, ама цариниците не проверувале дали се оригинали.. Според обвинението, Беким Хаџиу одговара за фалсификување на лиценцата со која автобусот ја минувал државната граница.
Автобусот на Беса Транс кој изгоре во Бугарија, поседувал документи, ама царината не проверувала дали се оригинали..Претставник на Царинската управа денеска во судница објасни дека возилото ја минувало границата со извод од лиценцата за превоз на патници, но не знаеше дали е фалсификувана. Прашањето за валидност на документот дојде од адвокатот, се противеше обвинителот, но судот сакаше да знае дали „Беса Транс“ имала оригинален документ за излез од државата.
„Не ми е тоа познато, како сведок, не изведувам заклучоци. Ако ги имале документите, се било во ред“, гласеше одговорот на претставникот на Царинската управа.
За одбраната тоа било доказ дека автобусот ги имал сите потребни документи и компанијата не се служела со фалсификати.
„Теоријата на случај на одбраната е дека во ниту еден момент, превозникот, ниту некој од возачите ниту приложил фалсификувана исправа, ниту била таква направена, па од тука за мене разбирлива е реакцијата на застапникот на обвинението бидејќи тоа се темели на наводен направен фалсификат на оригинални лиценци при самиот премин“, изјави Асмир Алиспахиќ, Адвокат.
Според обвинението, сопственикот на Беса Транс одговара за фалсификување на лиценцата за автобусот во кој загинаа 40тина лица.. Се тврди дека возилото така цела година ја минувало државната граница, но без детали кој го дозволувал тоа.. Денеска ниту царината одговори како никој не забележал дека автобусот има фалсификувана лиценца за превоз на патници.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
