Експертите бараат договорот со „Бехтел и Енка“ да биде јавен, а законите повлечени за широка јавна расправа
Неуставни и незаконски се предлог измените за изградба на Коридорите 8 и 10Д. Со брзото носење на законите, без увид во договорот, без анализа и дебата од Коморите, Синдикатот , пратениците и власта, се отвора сомнеж за корупција.
Затоа од Институтот за демократија бараат повлекување и доработка – пратениците да имаат детален увид- што добиваат, а што губат граѓаните со изгрaдбата на овој коридор и што е стратешко во проектот и не може да чека?
Со измените проблематични се неколку точки: самиот закон за работни односи, постапката по која се носи, начинот и исплаќањето на платата, максималното трање на прекувремената работа , кое е дефинирано со Устав, како и работата во недела, реагираат правниците
Овде се заобиколува одлуката на Устваниот суд, каде е дефинирано колку часови во просек треба да се работи, кога се предвидени исклучоци, колку денови максимум.Не може за едни работници едни правила – за други – други, вели Гоце Коцевски, македнско здружени на млади правници
Договорот со Бехтел и Енка предвидува менување и на постечките закони - за екпрорпијација, грдба, законот за шуми и културно наследство. Земјоделското земјоште, шумите се стрешки објакти, не може некој без план, по брза посапка, да ги пренамени, велат од Хелсиншкиот Комитет
Со потпишаниот договор многу прашања остануваат отворени и неодговорени. Токму затоа, според експертите – сомнежот за корупција е голем, кој ќе биде нотиран и од Европската Комисја.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
