Македонија
22. April 2023 - 16:31

Владата најави, но градбата на новите автопати не почна

Се облече како Коридор 8.  На сред автопат направи забава,  отвори табла, покани цела влада, гости од Косово и Тирана. Координаторот на проектот Артан Груби денеска го нема да го означи и официјалниот старт на, како што го нарекува, најголемиот историски проект во државата.

Молк и од министерот за транспорт кој ветуваше дека ќе ни прати локација од каде ќе стартува изградбата на автопатите од Бехтел и Енка.

Наместо локација, испрати соопштение. Реализацијата почнува, но само на хартија. Багерите за сега ќе останат неупотребени. Прво ќе се снима теренот и ќе се одредува каде ќе спијат работниците, а каде ќе се постават машините. Се подготвува теренот за проучување на земјиштето,  за експропријација, анализа на трасата, можни дислокации на подземни и надземни инсталации,  и подготовка за геотехнички истраги, се наведува во соопшението.

Кога ќе стартуваат градежните работи, не се открива.

Од денеска течат роковите. За секое доцнење, според опозицијата – државата ќе плаќа пенали. Дали некој ќе одговара за спорните елементи во потпишаниот договор, кој се уште се држи во тајност, нема одговор

Само јас можам да барам одговорност, изјави премиерот Ковачесвки

4 те автопатски делници во должина од 108 километри, државата ќе ја чинат 1,3 милијарди евра. Експропријацијата уште 300 милиони, а надзорот 22 милиони евра. Годишно треба да се градат по 22 километри, а километарот, според пресметките ќе го плаќаме над 12 милиони евра. Договоророт, кој од самиот старт го следат контраверзи, според невладините организации остава сомнеж за корупција.

Инаку потпишаниот договор веќе е доставен и  во Обвинителството.