Македонија
23. April 2023 - 16:34

Македонците повеќе сакаат да живеат во сопствен дом отколку да одат под кирија

Сопствен, наместо изнајмен дом. Македонците, како и балканците сакаат да живеат во свои, за разлика од Западот, каде претежно се изнајмуваат живеалишта.

Според истражувањето на Ленгесит, користејќи податоци од Евростат, помалку од половината граѓани  во Германија и Швајцарија живеат во изнајмени домови, а нешто над половина во Австрија, Турција и Данска.

Менталитотот да се има сопстевно живеалиште е пресуден за ваквата состојба, велат од агенциите за продажба

Балканските простори, ајде ќе зборувам за Македонија. Се вработуваме во Скопје, живеме во Скопје и планираме да останеме. Нормално е да сакаме да купиме стан во Скопје. На Запад, пак сосема друга е приказната. Таму стандардот е повисок, платите се повисоки, полесно може да се дојде до квардат, но навиката на луѓето, менталитетот е друг , изјави Слободан Митровски, агенција за недвижнини.

Изминативе 2 години, цената на метар квадратен во земјава доживеа енормен скок. Квадрат се продава поскапо за 60, 70%,  додека пак во западните земји становите поскпеа најмногу до 15 отсто. Платите не се зголемија двојно, стандарот не е толкав за да може да се издржат ваквите цени, вели Митрoвски.

Нема таков пораст во Европа. Во метрополите, ако зборувам за Мадрид, Виена, Копенхаген  и тоа во центарот на градот, цените пораснаа, но за 10 до 15%. Кај нас цените скокнаа секаде, од 1350 лани, сега во центарот метар квадратен се продава 2,000 до 2,100 евра. Нема економска логигка, стандардот, просечната плата не е толкава за да може да си купиме стан од 2,000 евра за квадрат,  додава Митровски.

За разлика од домовите за купување, кај изнајмнувањето цената стагнира или е благо намалена. Во главниот град  за  50, 60 квадратен стан кириите се движат од 250 до 3000 евра.

Тоа е така затоа што ги нема странците, кои реални ги билдаа цените. Сега, ако не се изнајме, месечно му носи само загуба на сопственикот, додава Митровски.

И првиот човек на ПУИГ најави пад на цените на недвижнините оваа година, бидејќи  биле нереално високи. Само за споредба, во центарот на Софија квадрат се продава за  1,300 евра, а во Солун  до 1,600  евра.