Одложен изборот на нов претседател на Судски совет, Пендаровски и Лога очекуваат ова да ја влоши довербата во судството
Судскиот совет не избра претседател. Еден член бил отсутен, а како што објасни заменикот претседател, пожелно било изборот да се прави во полн состав па седницата ја закажа за вторник. Разрешената доскорешна претседателка пак смета дека постојат други причини без да открие зошто се одложува изборот.
Иако траеше кратко, и денешната седница имаше тензичното темпо. Продолжи вербалниот дуел меѓу довчерашните колеги кои седеа еден до друг, а не беше дозволено ниту изјаснување на членовите зошто ја одложуваат седницата.
Разрешената Дамева во судскиот совет членува по предлог на претседателот на државата. Според Пендаровски, случувањата во советот се недолични и ја намалуваат довербата во судството.
Се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството. Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Разрешувањето на Дамева се најде под лупа на Министерството за правда.
Заради добивање на повеќе информации,Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред.
Настаните ги следи и антикорупциска од каде потсетуваат дека челновите на судски се должни да го почтиуваат Законот за спречување корупција и судир на интереси.
Случувањата во Судски предизвика лавина реакции во правната фела и граѓанскиот сектор. Велат случајот е скандалозен.
За Блупринт групата за реформи во правосдуството, разрешувањето нема правна основа, па ги повикаа членовите на судски да го приспитаат постапувањето. Непочитување на законите, препознава и универзитетската професорка Ана Павловска Данева.
„Денес потпретседателот на Судски совет и го одзеде зборот на претседателката на Советот и продолжи да ја води седницата, па ја разреши спротивно на Закон и Деловник. Сите молчат! Утре може да се случи првиот (или вториот, третиот…) вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата! Сите пак ќе молчат! И него ќе го пуштат низ вода. Битно нивните функции, паушали, хонорари да останат нечепнати“
Четиричасовна жестока дебата претходеше на вчерашното разрешување на Дамева. Да го напушти претседателското место гласаа седуммина, иако и вчера советот не беше во полн состав.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
