Врховен бара Судски совет да ја врати довербата во судството, Гир разочаран
Судскиот совет да си го реши проблемот и да работи на враќање на довербата во правосудството. Ваква порака испрати денеска Врховниот суд од каде велат дека будно ја следат состојбата и очекуваат Судски да се зафати со исполнување на обврските од извештаите на Европската комисија и американскиот стеј департмен.
„Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба“ се вели во писмената изјава на Адеми.
Состојбата во судски е под лупа и на Здружението на судии. Нивниот став ќе го соопштеле по анализа на сите информации, а во меѓувреме очекуваат советот сам да ја разреши ситуацијата.
„Здружението со особено внимание ги следи случувањата во Судски Совет, со надеж дека членовите на овој орган ќе ги користат сите човечки капацитети за изнаоѓање на соодветно решени, во насока на натамошно непречено функционирање и остварување на Уставната надлежност на овој орган“
Случувањето во судски е уште еден во низата настани во правосудството, кои според евроамбасадор Гир, не се во насоката што ја очекува Европската унија. Вели, членството во ЕУ се заслужува со исполнување на обврските за владеење на правото.
За опозицискиот лидер, Мицковски, разрешувањето во судски е вандализам и срам за државата. Смета дека состојбата е резулатат на тоа што Дамева иако имала блиски релации со владејчакта партија била избрана да раководи со судското тело.
„Гледате, таму партиски кланови се борат за превласт, кој да биде претседател, па кој после да биде избран за судија. Значи таков еден срам, едно такво девалвирање, вандализам и вагабонство на отворена сцена, Македонија не познава. Ова ниту на држави со апсолутистички режим како што е Северна Кореја не им е пракса“, изјави Христијан Мицковски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот негира дека власта се меша во правосудството. Вели, ако некој од членовите на судски имал притисоци, треба сами да пријават.
Во меѓувреме, Судски и преку својата интернет страница ја закажа седницата за избор на претседател која поради отсуство на еден член, ја одложи за вторник. За именување прв човек на телото, требало советот да е во полн состав.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
