Повик за оставки до членовите на Судски совет
Членовите на Судски да си поднесат оставки. Ова го бара Демократскиот сојуз од каде велат, тоа е единствен излез од хаосот во кој западнал советот.. Членовите биле речиси недопирливи пред законите, а нивното разрешување скоро невозможно.
Во меѓувреме, јавноста се погласно говори дека причина за состојбата е најавеното разрешување на апелациониот судија, Енвер Беџети, кој го застари предметот за нелегалното прислушување. Тој пак очекуваше советот да го унапреди во врховен судија.
За ова говори и поранешниот врховен судија Вера Коцо, која во интервју за Радио Слободна Европа, вели, не може да се замижи пред фактот дека Беџети цели девет месеци предметот го чувал во фиока..
Според Коцо, текот на седницата која резултираше со разрешување првин била непристојна ама и спротивна на законите. Потсетува дека одземање на мандатот е можен само ако низ дисциплинска постапка се утврди незаконско работење на член на советот.
Предлогот за разрешување на Весна Дамева доби поддршка од седуммина членови на советот. Расправата почна со точка за меѓучовечките односи предложена од заменик претседателот, кој подоцна и го одзеде зборот на Дамева и предложи одземање на нејзиниот претседателски мандат.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
