Македонија
2. May 2023 - 19:24

Зошто не се одржи седница на судскиот совет за избор на нов претседател?

Ниту нов претседател, ниту објаснување зошто се одложи седницата на Судски совет. Наместо избор, членовите седнаа на колегиум зад затворени врати. Се барал излез од состојбата по разрешувањето на Дамева.

Сега, Неизвесно е кога советот ќе одржи седница. Во штуро соопштение пишуваат дека итната седница закажана за денеска, се одложува на неодредено време.

„Судскиот совет на Република Северна Македонија  известува дека  439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение“, се вели во известувањето на Судски.

Првпат по разрешувањето на Дамева, на ова соопштение свој потпис стави нејзиниот заменик, Селим Адеми. Минатата среда по дебата за нарушени меѓучовечки односи, токму тој побара разрешување на претседателот на советот.

„Наследникот на Дамева, требаше да се бара на 27 април, односно ден по нејзиното разрешуваше. Тогаш Заменик претседателот, Селим Адеми, побара одложување бидејќи остсутен бил еден член на советот. Неофицијално пак, се барал осмиот глас „за“ што треба да одлучи кој во следните две години ќе раководи со советот“.

  Во четвртокот, отсуството на Мирјана Радевска го одложи изборот на нов претседател. Заменикот Адеми објасни дека било добро да се присутни сите членови кога се одлучува кој ќе го преземе раководењето со судски.

Во меѓувреме, стручната јавност гласно говори дека законите не предвиделе разрешување на претседателот на судски, но за Адеми, нема ништо спорно. Вели, се што не е напишано во законот за Судски совет е дозволено.

Засега пак нејасно е дали разрешувањето на Дамева е озаконето. Судскиот совет, таквата одлука засега не ја објавил во Службен весник.