Loading Video...
Балкан
3. May 2023 - 16:40

Кој е и каков бил 14 годишниот Коста кој денеска го изврши злосторството?

Повлечено мирно момче, одличен ученик, вака го опишуваат 7мо одделенецот Коста кој ладнокрвно пукаше во своите соученици. Коста бил одличен ученик, одел на натпревари по математика и биологија и освојувал многубројни награди. Важи за еден од најталентираните ученици во основното училиште. Учениците го опишуваат како културно, фино момче, доста повлечено. Во училиште го исмејувале, постојано го зезале и го нарекувале бубалица. Поради тоа, се зборува дека ја променил паралелката. Основците не го познаваат многу, бидејќи тој речиси и со никого да не се дружел. Имал само малку пријатели во школо.

Учениците сведочат дека Коста го вперил пиштолот кон сите во ходникот, кога настанала општа паника. Потоа  влегол во училница на час по историја. Децата гледале пред себе како нивните соученици паѓаат мртви на земја, еден од учениците легнал врз нив и се преправал дека е мртов за да не настрада.

Коста е приведен во училишниот двор.Видеото го снимаа ученици преку прозорец. Сите се во шок од фактот дека таков ученик стои зад  масакарот и остави зад себе толку жртви.

14 годишниот Коста Кецмановиќ е син на познат доктор радилог. Тој има и помала сестра. Неговите соседи велат бил дотолку повлечен што кога поминувал едвај ја кревал главата. Одел и во приватно училиште за глума а според дел од медиумите, тој претходно бил пријавуван за напад на лице на кое му нанел расеченици на устата. Како што пренесуваат српските медиуми, тоа се случувало во приватното училиште по глума и постапката била запрена.