Јавна расправа: Претседателот да нема право на аболиција туку само да помилува на барање на осуденикот
Првин судска одлука, па дури потоа можност за ослободување од казна. Новиот закон за помилување, му го одзема правото на Претседателот на државата да аболицира лица кои се под истрага.. Работната група која го подготвува законското решение смета дека со укинувањето на аболицијата, се зголемува независноста на правосудството.
Претседателот го губи и правото да помилува затвореници по службена должност. Постапката за враќање на слободата, ќе може да ја почне само затвореникот или негов близок роднина.
Ваквите измени според експертите не се доволни за квалитетен закон кој ќе спречи злоупотреби во помилувањата. Препознаваат простор за корупција.
Забелешки имаат и политичките партии.
Во минатото, неколкупати се користеше правото на аболицијата.. Со одлука на шеф на државата од кривичен прогон беа ослободени Доста Димовска и Зоран Заев.. Аболицирани беа и 50тина функционери на претходната власт, но одлуката беше повлечена.. Дел од нив сега побараа судот во Стразбур да одлучи дали еднаш дадена аболицијата може да се отповика.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
