Што се случува со затворите? - Зошто се почесто осуденици им бегаат на затворските служби?
Затвореникот кој побегна од Идризово и ограби обложувалница да оди во притвор. Ова го бара јавното обвинителство за 48 годишниот затвореник кој вчера утро со пиштол во рака од обложувалница во Маџари одзеде близу 10 илјади евра.. Постоел сомнеж дека тој може повторно да побегне ама и да влијае врз сведоци.
„Иако се работи за осудено лице на издржување затворска казна, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности укажуваат на тоа дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, соучесници, прикривачи и го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори или ќе стори ново кривично дело“
Првиот човек на затворот вели дека во интерес на истрагата не може да открие детали како затвореникот кој имал уште четири години до отслужување на казната успел да побегне од Идризово.. Бил сместен во полуотвореното одделение, ама немал право да ја минува затворската капија.
Според Јовановски, не само желбата за слобода туку и незаконските бизниси се причина затворениците да кројат план за бегство.. Смета дека неопходни се законски измени за унапредување на процесот на ресоцијализација.
На почетокот од годинава како по филмско сценарио побегна затвореник од комби со кое бил превезуван до болница.. Подоцна пак надлежните открија подземен тунел кој требало да послужи за бегство. Во меѓувреме во кругот на Идризово неколкупати беа запалени возила на затворски службеници.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
