Македонија
11. јуни 2023 - 16:32

Нема кривична одговорност за екс директорот на финасиската полиција, но се разгледува кривичната за Русковска

Арафат Муареми се спаси од кривичен прогон, Русковска чека скопското обвинителство да одлучи дали ги пречекорила овластувањата со претресот во финансиската полиција. Во кривичната која тој ја поднесе во август лани, навел дека се сомнева оти обвинителката ја злоупотребила положбата и фалсификувала исправа за да влезе во неговата канцеларија. Таквите наводи, се уште ги испитува обвинителството.

„Во завршна фаза се проверките. Јавниот обвинител го очекува исходот и од дисциплинската постапка, бидејќи дел од дејствијата се опфатени со таа постапка, по што ќе се донесе одлука“, велат од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Во тек е и постапката за утврдување на дисциплинска одговорност. Комисија од државното обвинителсто побара разрешување на Русковска и парични казни за две обвинителки кои постапувале во предметот против Муареми. Сите поднеле жалби на таквиот предлог, па конечниот збор ќе го има Советот на Јавни обвинители.

Обвинителството на Абази во петокот по завршување на работното време објави дека ги отфрла кривичните против Муареми. Лани во јули ги поднесе Русковска, а по претресот во финансова беше суспендирана. Муареми пак сам ја напушти функцијата.